Фудбалскиот клуб Милан сериозно загриза за Сантијаго Хименез кој блеска во нападот на Феенорд.
На „росонерите“ им е потребен класичен напаѓач, а Мексиканецот и во минатото беше поврзуван со потенцијален трансфер. Милан подготви прва официјална понуда до холандскиот клуб за Хименез.
Се очекува истата да биде во висина меѓу 35 и 40 милиони евра, а барањата на Феенорд се повисоки. Пред неколку денови клубот можеби и ќе прифатеше 40 милиони, ама сега барањето се крена на 50. Причината се двата гола на Хименез во дуелот од Лигата на шампионите во кој Феенорд го победи Баерн Минхен (3-0).
Самиот Сантијаго Хименез во минатото нагласи дека би бил пресреќен да заигра за Милан, па тој ќе тежнее кон трансфер. Останува да видиме дали „росонерите“ можат да го затворат овој потпис во јануари или пак ќе чекаат до лето.