Хименез е херојот на Уругвај, гол во финишот за победа над Египет (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Уругвај сосема заслужено дојде до трите бода од денешниот натпревар против Египет иако погодокот дојде во самиот финиш од мечот.

Јужноамериканците беа подобар тим, атакуваа на победата иако не создадоа премногу шанси. Египет кој играше без Салах во овој натпревар беше фокусиран на одбрана.

Најубавите шанси ги имаше Кавани, во 83. минута упати одличен волеј кој го одбрани голманот Ел Шанави.

Во 88. минута Кавани од слободен удар ја погоди стативата. Овие две негови шанси беа најава за голот.

Карлос Санчез центрираше од слободен удар, Хозе Марија Хименез беше највисок во скокот, постигна гол со глава за голема радост на Уругвај и старт на Светското првенство со три бода.

По првото одиграно коло во А групата, Русија и Уругвај имаат по три бода, Египет и Саудиска Арабија се без бодови.

Во следното коло Русија игра со Египет, а Уругвај со Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани