„Хиените“ му направија страшна скриена камера на Горан Пандев, го продадоа на клуб од Индија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Горан Пандев беше
добро насамарен, за ова се погржи екипата на популарното шоу „Ле Јене“,
капитенот на Џенова, Доменико Кришито и агентот на Македонецот, Леонардо Корси.

Напаѓачот заедно
со уште неколку соиграчи оди на дружба во домот на Доменико Кришито а таму
добива повик од агентот коj
 му соопштува
дека се јавил газдата Прециози и му кажал дека Горан е продаден во Индија од каде
добил неверојатна понуда.

Пандев во прв
момент мисли дека е шега, но Корси продолжува да му објаснува детали од трансферот,
дека ќе игра за клуб по име Ченаијин и дека за три години ќе добие 72 милиони
евра плус бонуси од 10 милиони евра во зависност од резултатите.

Горан Пандев и
понатаму не може да поверува и во еден момент вели: „Ма каков Ченаијин, каква
Индија! Попрво ќе си пукам во уста“.

За сето да биде
уште поубедливо, пред домот на Доменико Крошито се појавува група навивачи да протестира поради трансферот и
носи транспарент „Пандев предавник“.

Соиграчите дури го наговорија Горан да излезе надвор и да им објасни на тифозите дека не потпишал ништо. И додкеа Македонецот се правдаше, се појавија луѓето од „Ла Јене“ и му соопштија дека станува збор за скриена камера.

Целото шоу можете
да го погледнете тука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×