Хет-трик на Тричковски во ремито за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

by
1 минути читање

АЕК Ларнака и
Енозис одиграа возбудливо реми во кое беа постигнати дури осум погодоци на
мечот од седмото коло во првата конкуренција на Кипар, три беа дело на нашиот
репрезентативец Иван Тричковски.

Тричковски тргна
со својата голеада во второто полувреме, откако гостите имаа водство од 1-3 до
паузата, па така најпрво во 46. минута намали на 2-3, за веќе во 55. минута од
пенал да израмни на 3-3. Македонецот во 65. минута исто од пенал погоди и за пресврт
за АЕК Ларнака, но неговите три погодоци не беа доволни за победа на домаќините
кои на крајот мораа да се задоволат само со бод од таа пресметка.


Во моментов
популарниот „Тричко“ со девет погодоци досега е прв стрелец на Кипар. Што се однесува пак до АЕК Ларнака, оваа екипа нема пораз во новата сезона во тој шампионат, а има освоено 11 бода, со што се наоѓа на третата позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×