Хет-трик на Тричковски, АЕК Ларнака со голема победа се пласира во плејофот (ВИДЕО)

by
0 минути читање

АЕК Ларнака со убедливи 5-0 го победи Штурм и се пласираше во плејофот за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Иван Тричковски и на овој меч беше главен на теренот, сега постигна три од петте гола. 

Во осмата минута го отвори натпреварот, во 67. погоди за 3-0, а на десет минути пред крајот реализираше за 4-0.

Во плејофот ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Тренчин и Феенорд. Тренчин има предност од 4-0 по првиот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×