Хет-трик на Несторовски во убедливата победа на Удинезе

by
1 минути читање

Италијанскиот
прволигаш Удинезе броеше до 13 во контролниот меч против нисколигашот Кјарлинс
Музане, иако по првите 45 минути резултатот гласеше 1-1, сепак, на крајот
заврши 13-1 во корист на фаворитот.

Нашиот
репрезентативец од составот на Удинезе, Илија Несторовски запиша три погодоци
во мрежата на противникот, и тоа во 63., 73., односно 76. минута.

29 годишниот
напаѓач сезонава на 16 настапи во „Серија А“ успеа да реализира само еден
погодок, и тоа на гостувањето кај Сампдорија во ноември ланската година кога
Удинезе загуби со 2-1.

Како и да е,
настрана проблемите со минутажата во Удинезе, Несторовски на некој начин се
загрева за дуелот со Косово претстојниов месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×