Хет-трик на Мален, Рома не се откажува од трката за Лигата на шампиони

by bojan
1 минути читање

„Волчицата“ лесно со 3-0 го совлада фенерџијата Пиза и осви три бода во битката со Јувентус и Комо за последното место во Лигата на шампиони.

32. коло во Серија А го отворија Рома и Пиза, домаќините очекувано стигнаа до победа, Мален со хет-трик ја предводеше „волчицата“до триумф од 3-0.

Холанѓанецот го отвори резултатот веќе во 3. минута, а пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0.

На стартот од второто полувреме, Мален реализираше и по трет пат за 3-0 и три важни бода во битката со Јувентус и Комо за последното место во Лигата на шампиони.

Рома сега има 57 бода, исто колку и Јувентус, и еден помалку од Комо.

ФОТО: X/AS Roma

Можно е и ова да ти се допаѓа

×