Хет-трик на Инзаги на натпреварот во чест на Пирло (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Андреа Пирло ги собра своите пријатели, фудбалските ѕвезди кои со него играа во Милан, Јувентус, Њујорк Сити и италијанската репрезентација. 

Мечот се играше на Сан Сиро, а екипите беа поделени на Бели ѕвезди и Сини ѕвезди.

Натпреварот заврши 7-7, во последните 15 минути Пипо Инзаги постигна хет трик, тој настапуваше за Белите ѕвезди а покрај него за овој тим погодоци постигнаа и Пато, Виери, Дел Пјеро и Матри. Головите за Сините ѕведи ги дадоа Шевченко два, по еден Кваљарела, Касано, Кафу, Броки и Лука Тони.

Бели ѕвезди: Абијати, Дида, Бонучи, Киелини, Костакурта, Фавали, Јанкуловски, Малдини, Неста, Одо, Шимиќ, Ѕамброта, Занети, Баронио, Каморанези, Гатузо, Лампард, Леонардо, Пепе, Пирло, Руи Коста, Верати, Видал, Баџо, Дел Пјеро, Ди Натале, Јакинта, Инзаги, Матри, Пато, Роналдо, Тоти и Виери.

Сини ѕвезди: Буфон, Сторари, Адани, Барзаљи, Бонера, Кафу, Диана, Ферара, Каладзе, Матераци, Сержињо, Пирло, Албертини, Амбтосини, Броки, Де Роси, Диаманти, Маркисио, Перота, Сидорф, Бориело, Касано, Кваљареала, Роналдињо, Шевченко, Тевез, Тони, Вентола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×