Хет-трик на Дибала за победа на Јувентус, Сити ја прекина серијата порази во ЛШ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус против Јанг Бојс играше без Кристијано Роналдо кој има црвен картон, но тоа не беше проблем, Пауло Дибала истапи и постигна три гола вечерва.

Резултатот беше отворен уште во петтата минута кога Бонучи асистираше од речиси половина терен, а Дибала со елегантен волеј погоди за водство на Јувентус од 1-0.

Во 33. минута Дибала го постигна својот втор погодок, а конечните 3-0 ги постави во 69. минута од натпреварот.

По две одиграни кола Јувентус има максимални шест бода, во следното коло му гостува на Манчестер јунајтед.

По четири порази по ред во Лигата на шампионите, Манчестер Сити конечно забележа триумф и тоа дури во финишот од мечот го совлада Хофенхајм.

Натпреварот почна лошо за тимот на Пеп Гвардиола бидејќи прими гол уште во 44. секунда, Белфодил беше стрелецот на погодокот.

Но Манчестер Сити брзо изедначи, во осмата минута Агуеро стрелаше прецизно за 1-1.

Манчестер Сити беше подобар противник, но до победа дојде дури во 87. минута кога Давид Силва искористи една катастрофална грешка на одбраната на Хофенхајм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×