Легендата на Севиља, Хесус Навас денеска го одигра последниот натпревар пред своите навивачи, на стадионот „Санчез Писхуан“.
Севиља со 1-0 ја совлада Селта со погодок на Буено во второто полувреме, но сето тоа беше во втор план, главно вечерва беше заминувањето на Хесус Навас.
Шпанскиот фудбалер со големи емоции го напушти теренот, со солзи во очите излезе од игра кога беше повлечен во текот на второто полувреме.
Навас потекнува од школата на Севиља, а за првиот тим почна да игра пред 21 година, од 2003, со исклучок на четирите години кои ги помина во Манчестер Сити од 2013 до 2017, остатокот од кариерата го одигра во Севиља.
Навас е фудбалерот со најмногу настапи за Севиља и со најмногу освоени трофеи во овој клуб. Тој е најголемата легенда на тимот од Андалузија.
Пред Навас е уште еден натпревар до крајот на кариерата, гостување на Сантијаго Бернабеу кај Реал Мадрид. Тоа ќе биде неговиот последен меч.
▶️ La celebración del gol de Manu Bueno 😍#SevillaFCCelta #LALIGAHighlights pic.twitter.com/aUSMw4TjDy
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) December 14, 2024
📸 Es leyenda ♾#DespedidadeLeyenda pic.twitter.com/V6JQPkaDyr
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) December 14, 2024
📸 Orgullo de capitán 👏🏻#DespedidadeLeyenda pic.twitter.com/0n2hK8YgHM
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) December 14, 2024