ПСЖ летоска
креираше страшен тим, Нејмар и соиграчите често си поигруваа со противниците и
бележеа убедливи победи, но за се има прв пат, па вечерва тие конечно го
искусија поразот.
Малиот Стразбур
со херојско издание за прв пат ги фрли „Светците“ на колена.
Домаќините
поведоа во 13. минута преку Да Коста, кој одлично ја избегна офсајд замката и
го матираше Ареола за 1-0.
ПСЖ изедначи
преку Мбапе во 42. минута, а до крајот на првиот дел можеше да направи и
комплетен пресврт, но Пасторе ја погоди само стативата.
За ова
промашување казна стигна во 65. минута, Бахокен ја надмудри одбраната на
гостите и биеше неодбранливо под пречката за 2-1.
„Светците“ потоа
силно нападнаа, имаа и 9. минути судиско продолжение за да избегнат пораз, но
Стразбур се бранеше со сите сили и на крајот приреди сензација.