Херојот на Реал против Баерн не знае дали ќе остане во Мадрид: Ќе видиме…

by bojan
1 минути читање
Хоселу

Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу не знае дали ќе продолжи на „Бернабеу“ и следната сезона, вели дека подоцна ќе се разговара на оваа тема.

Хоселу можеби на мала врата се врати во Мадрид минатото лето, но оваа недела ги дочека своите 5 минути животна слава, влезе од клупата против Баерн Минхен, постигна два гола за 120 секунди, го сврте резултатот и го однесе Реал Мадрид во финале во Лигата на шампиони.

Напаѓачот во моментов игра на позајмица од Еспањол, „кралевите“ можат да го купат за смешни 1,5 милиони евра, но во моментов нема информации дали Шпанецот ќе продолжи на „Бернабеу“.

„Ќе разговараме за ова по крајот на сезоната, сега можам само да кажам дека сум многу среќен што сум тука“ – вели Хоселу.

Уживам во ова што ми се случи изминативе денови, но фокусот е на следниот натпревар“.

„Кои честитки ми се најдраги? Оние од луѓето блиски до мене, како семејството, децата, пријателите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани