Херојот на Ливерпул ги „истрола“ Мурињо и Челси со својата маска за Ноќ на вештерките (ФОТО)

by
4 минути читање

Луис Гарсија е
стрелец на фамозниот гол „дух„ во полуфиналето од Лигата на шампионтие во 2005,
кога со овој погодок Ливерпул го елиминираше Челси.

Жозе Мурињо тогаш
беше бесен, и тешко го прафати овој неуспех, „Специјалниот“ и до ден денес е убеден
дека топката не ја помина гол линијата.

Ливерпул во
финалето го совлада Милан по епскиот кам-бек и се радуваше на титулата, па Луис
Гарсија има статус на херој кај фановите.

Тој сега уште
еднаш ги освои срцата на навивачите откако се маскираше во дух за Ноќ на
вештерките.

„Духовите си
остануваат духови!! Среќен Халовин на сите
– напиша Гарсија на Инстаграм и на сите им е јасно дека со
овој потег тој ги „трола“ Жозе Мурињо и Челси.

A post shared by Luis Garcia (@luchogarcia14) on

Ова не е прв пат
Шпанецот да се шегува на оваа тема, сличен беше неговиот костим и минатата
година.

A post shared by Luis Garcia (@luchogarcia14) on

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани