Херера: Настапот за Македонија е нешто најголемо во мојата кариера!

by Стефан
1 минути читање

Maкедонските фудбалери денеска ги почнаа подготовките за мундијалскиот бараж против Данска кој ќе го играме в четврток на 26. март во Копенхаген.

Фудбалерот на Борац Бања Лука, Себастијан Херера е еден од новајлиите во нашата селекција и тој верува во успех.

„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме.

Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале“, порача Колумбиецот со македонски пасош.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×