111
Марио Балотели се враќа во италијанската Серија А, откако постигна договор со калчолигашот Џенова.
Искусниот напаѓач и поранешен репрезентативец си подаде рака со „Грифоните“ за соработка до јуни 2025 година. Дваесетина дена Балотели ја чекаше одлуката на Џенова за дали ќе дојде до потпис на договорот, а истиот се очекува во следните денови.
Фабрицио Романо го даде своето популарно „Here we go“ за соработката на Балотели и Џенова. Тој ја намали платата и доаѓа како слободен агент за засилување на нападот.