Милан го пронајде новиот голгетер и договор постигна со Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен.
„Росонерите“ летово направија сериозна реконструкција на тимот, а со враќањето на Масимилијано Алегри на клупата и назначувањето на Игли Таре за спортски директор, јасно е дека клубот има големи амбиции. Една од главните позиции за засилување беше нападот, а по неуспешните обиди за Душан Влаховиќ и Расмус Хојлунд, изборот падна на нигерискиот напаѓач на шампионот од Бундеслигата.
Бонифејс има 24 години и минатата сезона постигна девет гола на 18 настапи за Леверкузен, а во претходната шампионска кампања беше клучен играч на тимот. Тој доаѓа во Милан на платена позајмица од пет милиони евра, со опција за откуп која изнесува дополнителни 24 милиони.
Со ова засилување Алегри добива нова офанзивна алатка за борба за враќање на Милан во европската елита.