„Here we go“: Омородион во Челси, Галагер во Атлетико Мадрид!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипите на Челзи и Атлетико Мадрид ги договорија сите детали за два трансфери. Тоа го потврди угледниот новинар Фабрицио Романо кој го даде своето популарно „Here we go“.

На пат кон Лондон ќе тргне напаѓачот Саму Омородион, додека во спротивен правец кон Мадрид патува Конор Галагер. Двата трансфери се засебни и не се поврзани еден со друг.

Саму Омородион во Челси се сели за сума од 40 милиони евра. 20-годишниот напаѓач кој минатата сезона играше како позајмен во Алавес и даде девет погодоци ќе биде опција повеќе во офанзивата на Енцо Мареска.

Од друга страна, Галагер за вкупна сума од 42 милиони евра од Челси заминува во Атлетико Мадрид. Долго време се чекаше на завршување на овој трансфер, а играчот конечно донесе одлука и ќе ја продолжи кариерата во Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани