Хенес најави дека Баерн летоска ќе троши како никогаш претходно, до Лил испретена рекордна понуда од 80 милиони

by
1 минути читање

Сезоната на
„Баварците“ не се одвива според планот па подолго време се говори дека летоска
ќе има реконструкција на тимот. Според Ули Хенес, тие ќе трошат како
никогаш претходно.

„Имаме процес на
подмладување на тимот. Па ќе инвестираме како никогаш претходно“
– вели претседателот
на Баерн.

Според пишувањата
на „Билд“, трансфер буџетот ќе изнесува 200 милиони евра. Првото засилување
веќе е договорено се работи за Бенжамин Павар од Штутгарт, дефанзивецот ќе чини
35 милиони евра.

Од Франција пак
пристигнува веста дека Баерн доставил рекордна понуда до Лил за услугите на
Николас Пепе. 23 годишниот офанзивец има одлична сезона и го привлече
вниманието на голем број клубови.

Најтрофејниот
клуб од Германија е подготвен да искешира 80 милиони евра за играчот кој е
роден во Франција но ги брани боите на Брегот на Слоновата Коска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×