Луис Суарез и
Џордан Хендерсон имаа добри релации во Ливерпул, меѓутоа, според зборовите на
моментално капитенот на „Редсите“, нивната „дружба“ во редовите на
Премиерлигашот не почнала добро.
Англичанецот
откри една приказна од неговата фрустрација за време на тренинг со Уругваецот,
кој познат е по тоа што знае да се шегува со своите соиграчи.
„Во тоа време јас
бев млад фудбалер, а постоеа можеби една или две работи кои Суарез постојано ги
правеше на тренинзите, а мене воопшто не ми се допаѓаа, тоа ме правеше како да
не сум доволно добар“ рече Хендерсон.
„Се сеќавам неговите раце постојано беа нагоре, сакаше да каже што ли прави тој, во смисол на тоа дека не треба да бидам во тимот, во еден момент
се запрашав што прави тој? Во моментот си помислив дека не треба да бидам таму,
тоа навистина ме повреди и се чувствував фрустриран“ додаде тој.
„Тој го стори тоа
еднаш, два пати а потоа и по трет пат, а потоа јас експлодирав и бев подготвен
да го убијам, од тој момент па натаму јас имав еден сосема добар однос со
Суарез“ заклучи Хендерсон.