Шефилд Јунајтед е
вистинска сензација во најсилниот фудбалски шампионат на Островот, а нема
никакви дилеми во тоа дека младиот и доста талентиран голман Дин Хендерсон игра
голема улога во сезоната за паметење на овој клуб.
23 годишниот
голман се издвои како голема надеж на првата позиција во националниот состав на
„Гордиот албион“, неговата позајмица од Манчестер јунајтед истекува
претстојново лето, а со тимот од „Олд Трафорд“ има важечки договор до 2022.
година.
Тренерот на
Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер не крие дека Хендерсон сака да стане прв чувар на
мрежата на „Црвените ѓаволи“, но и дека младиот голман има големи очекувања и
во дресот на „Гордиот албион“.
„Јас често сум во
комуникација со Дин, тој посакува да запише 50 настапи во дресот на Англија, но
и да игра за Манчестер јунајтед, тој мора да ги надмине разочарувањата“ вели Вајлдер за „Скај Спорт“.
Герет Саутгејт
сигурно е на мака во склопувањето на составот на Англија, селекторот има дилеми
и за голманската позиција, каде освен Хендерсон, во одлична форма се уште и Џордан
Пикфорд од Евертон, но и неверојатниот Ник Поуп од Барнли, сепак, Вајлдер смета
дека Хендерсон ќе биде со бројот „1“ во дресот на „Гордиот Албион“.
„100%, тој
притиска сега, тој е младо момче и ние постојано дискутираме и за грешките,
постојано ги надминува тие проблеми, има голем менталитет во себе, ветува
многу, сигурен сум дека ќе притиска и во иднина и ќе го заслужи своето место во
селекцијата на Англија, очајно го посакува тоа“ заклучи Вајлдер.