Хеликоптерот на сопственикот на Лестер се урнал откако во него удрил полициски дрон?

by
2 минути читање

Сопственикот на
Лестер, Вишаи Шривадханапрабха и уште четири лица го загубија животот откако
неговиот хеликоптер се урна во саботата неколку минути по полетувањето од
центарот на игралиштето на „Кинг Пауер“ стадионот.

Полицијата не
открива многу детали, повеќе од 24 часа им беа потребни за да ја потврдат
смртта на бизнисменот од Тајланд, па тоа остава многу простор за шпекулации,
особено на социјалните мрежи.

И додека се
чекаат резултатите од истрагата, се појавија гласини дека полициски дрон се
судрил со хеликоптерот и затоа дошло до големиот инцидент. Сепак полицијата од
Лестер брзо се огласи и соопшти дека нема вистина во ова.

„Здраво Пол.
Можеме да потврдиме дека нашиот дрон не леташе во моментите кога хеликоптерот
го напушти стадионот“
– гласеше пораката на Твитер.

Оделот за истрага
на воздушни несреќи (ААIB) претходно соопшти дека е пронајден уредот кој ги
снима сите податоци од летот и тој е однесен во базата во Фарнборо каде ќе
започне негова анализа по што ќе се знае многу повеќе.

Во меѓувреме,
сопругата на Вишаи Шривадханапрабха и неговиот син, Аијават, потпретседател на
клубот, положија венец пред „Кинг Пауер“ стадионот, каде фановите уште од вчера
оставаат цвекиња, шалови и фудбалски дресови во чест на сопственикот на Лестер
и останатите четири лица кои го загубија животот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани