Хејтерите чекаа една година за да си тераат мајтап со Роналдо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Портуалецот има армија на фанови, но и голем број на хејтери, кои чекаа една година за да упатат остри критики на негова адреса на социјалните мрежи. Пред гостувањето на Алианц Арена, Кристијано Роналдо имаше серија од 11 натпревари на кој постигнува гол во Лигата на шампионите, што е рекорд.

Сепак, ЦР7 вечерва беше прилично тивок, и не само што не се запиша во листата на стрелците за прв пат по полуфиналето од минатата година, не успеа и ниту еднаш да шутне во рамките од голот. Деталната статистика вели дека Кристијано Роналдо не креирал ниту еднаш шанса за соиграчите, што автоамтски значи и 0 клучни додавања и 0 асистенции. Процентот на успешни додавања му беше 62%, а ја загуби топката дури 11 пати.

Но и со ваква вечер за заборав, Кристијано Роналдо испиша нов рекорд и стана првиот играч со 96 победи во најелитното европско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×