402
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Каи Хаверц заработил посериозна повреда на коленото, па Арсенал е принуден да донесе ново засилување за офанзивата.
Само што почна сезоната а Микел Артета се соочува со проблеми, Каи Хаверц го прескокна денешниот тренинг поради повреда на коленото.
Се стравува за црно сценарио, односно посериозна повреда поради која Германецот ќе паузира подолго време.
Се шпекулира дека Арсенал ќе биде принуден да донесе ново засилување за офанзивата.
Еберечи Езе од Кристал Палас подолго време се поврзува со „топчиите“, но тој е пред трансфер во Тотнем, па Арсенал на друго место ќе треба да бара замена за Каи Хаверц.