Хауард Веб призна грешка од минатото: Погрешив па се молев Роналдо да го промаши пеналот!

by
1 минути читање

Се работи за пенал на меч меѓу Манчестер јунајтед и Тотнем во 2009 година. Во финишот од сезоната, тогаш за титулата во Премиерлигата Јунајтед се бореше со Ливерпул.

По првото полувреме Тотнем имаше водство од 2-0 со голови на Бент и Модриќ. По десетина минути игра во вториот дел, Веб покажа на белата точка по прекршок од голманот Гомез врз Карик.

„Го видов Карик како прв дојде до топката и потоа голманот го допре него. Беше лесно да се свирне пенал. Го очекував вообичаениот протест од фудбалерите, но не очекував таква зачуденост од Гомез. За неколку секунди сфатив дека погрешив. Не ја променив одлуката. Не знаев каде згрешив, но знаев дека нешто е погрешно. Се молев Роналдо да го промаши пеналот“, открива Веб.

Роналдо го даде пеналот, Манчестер јунајтед намали на 2-1, а потоа даде уште четири гола за победа од 5-2.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

×