Англичанецот во
август минатата година се најде во немилост на Пеп Гвардиола па мораше да
замине од Манчестер Сити и да се пресели на позајмица во Торино.
Неговата замена
Клаудио Браво не ги оправда очекувањата па „Граѓаните“ по крајот на сезоната
веројатно ќе бараат нов голман.
Фановите сакаат
одново да го видат Џо Харт помеѓу стативите но ниту тој не блеска во дресот на
Торино.
Вечерва на дуелот
со Интер тој им подари водство на гостите, откако еден не толку опасен шут на
Кондогбија заврши под раката на Џо Харт и во мрежата на Торино.
GOOOOOAAAALLLLL!!!! #Kondogbia with the goal but what a spill by #JoeHart!!!! My word!!! 0-1#TorinoInter pic.twitter.com/9KE3KDP0aZ
— Lega Serie A (@SerieAchannel) March 18, 2017