Харт: Не сакам да лажам, се чувствувам уништено

by
1 минути читање

Во списокот на
фудбалери кој селекторот на Англија, Герет Саутгејт го објави немаше место за
Џо Харт, голманот кој пред осум години беше прв чувар на мрежата од голот на
Гордиот Албион на Мундијалот во Јужна Африка, но и четири години подоцна во
Бразил, но, сега работите се променија.

31 годишниот
голман вели дека е уништен од тоа што не се најде на списокот на фудбалери за
Мундијалот во  Русија кој ќе се одржи
идниот месец.

Не сакам да ја
лажам јавноста, се чувствувам уништено. Знам колку можам да допринесам за
тимот. Сево ова е многу тешко да го разберам, со оглед на тоа што во последните
две години сум во многу тешка ситуација. Горд сум на тоа што бранев во секоја
минута од квалификациите и што имав голем допринос во тој исход. Моите соиграчи
знаат дека иако нема да бидам со нив, ќе го носам дресот на Англија како
навивач и дека ќе навивам за нив до крајот
“ рече Харт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани