Хари Кејн следното лето може да биде достапен за „само“ 65 милиони, но под еден услов

by bojan
1 минути читање

Хари Кејн изминативе денови е актуелен поради гласините за откупна клаузула во неговиот договор, тој ќе биде достапен за „само“ 65 милиони евра, но за оваа клаузула да биде активна, Англичанецот до крајот на јануари ќе треба да изрази желба да го напушти Минхен.

Хари Кејн следното лето би можел да се врати во Премиерлигата, напаѓачот има клаузула која големите клубови од Англија лесно можат да си ја дозволат и покрај тоа што Англичанецот ќе има 33 години.

Се шпекулира дека во неговиот договор има клаузула од само 57 милиони фунти, односно околу 65 милиони евра.

Сепак, за оваа клаузула да биде активна, Хари Кејн треба до крајот на јануари или зимскиот преоден рок, да го извести раководството на Баерн дека сака да го напушти Минхен.

Голгетерот ја играта својата трета сезона на „Алианц Арена“ и почна фуриозно, со 13 погодоци и 3 асистенции на 7 натпревари во сите конкуренции.

ФОТО: X/FC Bayern München

Можно е и ова да ти се допаѓа

×