Хари Кејн уште еднаш потврди дека прави историски работи во германскиот фудбал, откако со голот во самиот финиш го заокружи убедливиот триумф на Баерн Минхен на гостувањето кај Хајденхајм со 0-4.
Погодокот немаше само резултатско значење, туку донесе и нов рекорд во Бундеслигата. Англискиот напаѓач стана фудбалерот кој најбрзо во историјата стигнал до 100 директни придонеси за голови, сметајќи ги постигнатите погодоци и асистенциите.
Кејн во моментов има учинок од 81 гол и 19 асистенции во германското првенство, бројки кои звучат уште поневеројатно ако се знае дека за нив му беа потребни само 78 натпревари. Со тоа убедливо го надмина досегашниот рекорд на Рој Макај, на кого му беа потребни 35 меча повеќе за да стигне до истата граница.