77
Тотенхем во натпреварот ќе влезе по поразот од Манчестер јунајтед, а Реал Мадрид на овој меч ќе сака да се опорави од дебаклот против Жирона.
Хари Кејн игра во фантастична форма, но поради повреда го пропушти дербито против Јунајтед, Маурисио Покетино е оптимист дека ќе го има напаѓачот за дуелот со Реал.
„Со докторите и фудбалерот ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите. Не е последен меч или финале, па да речете, добро, потоа доаѓа одмор. Мораме да анализираме и да ја донесеме најдобрата одлука за сите. Моето чувство е добро, мислам дека ќе игра. Но најважно е како Кејн се чувствува“ – вели Покетино.