330
Хари Кејн е само петтиот играч кој две години по ред стигнува до „Златната
Копачка“ во Англија.
Голгетерот на Тотенхем, кој оваа сезона речиси три месеци беше надвор од
стројот поради повреди, до почетокот на оваа недела заостануваше во битката со Ромелу
Лукаку.
Но со два хет-трика за четири дена, тој ја остави конкуренцијата зад себе.
Англичанецот сезоната ја заврши со 29 погодоци за ново признание најдобар
стрелец во Премиерлигата.
Ромелу Лукаку стигна до бројката од 25, а еден помалку имаше Алексис
Санчез.