Хаос во Серија А, одложени натпревари и од следното коло

by
1 минути читање

Натпреварите Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус, Интер – Сасуоло и Верона – Наполи кои требаше да се играат во следното коло, ќе бидат одложени.

Ваквата одлука на Владата на Италија создава хаос во распоредот на Серија А бидејќи ќе биде речиси невозможно да се најдат нови термини.

Постои опција натпреварите да се играат без публика, но клубовите веќе рекоа не на таквите предлози бидејќи губат голема заработка поради празните трибини.

Никој не гарантира дека на осми март ќе се случи последното одложување, може таквата практика да продолжи и понатаму во зависност од состојбата со коронавирусот која ги диктира одлуките.

Ваквите моменти не само што ја доведуваат во прашање регуларноста на сезоната туку создаваат енигма како таа ќе заврши и дали воопшто ќе го доживее својот крај. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×