Хаос во Серија А, играчите на Парма и СПАЛ излегоа на терен па се вратија во соблекувална, па пак излегоа…

by
1 минути читање

Денеска требаше
да се одиграат пет одложени натпревари од Серија А, прв на програмата беше
дуелот Парма-СПАЛ, но се случи хаос непосредно пред почетокот на мечот.

Резервистите беа
на клупа, играчите во тунел и спремни да излезат на терен, но од судијата
добија наредба да се вратат во соблекувална. Министерот за спорт изјави дека го
прифаќа предлогот на Асоцијацијата на фудбалери да биде прекинато првенството,
па сите чекаше официјална потврда за суспендирање на сезната.

Се чекаше
половина час, а откако не стигна никаков абер, играчите се вратија на теренот и
почнаа да се загреваат. Последните информации велат дека првенството нема да
биде прикинато, барем не денеска. Натпреварот Парма-СПАЛ ќе започне во 13
:45 часот, а другите во претходно утврдените термини.

Но утре е нов ден, и не се исклучува можноста сезоната сепак да биде суспендирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×