Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, финансиска полиција од утрово е присутна на Ренцо Баербера и ја „чешла“ документацијата на Палермо.
„Газета дело
Спорт“ пишува дека клубот од Сицилија се соочува со проблеми со даночните власти, но
се уште нема никакви детали околу овие информации.
Се претпоставува
дека раководството на клубот е под истрага за криминални активности кои
произлегле од проневера, перење пари и лиценцирање.
Финансиските
инспектори истовремено ја посетиле и канцеларијата на Маурицио Ѕампарини,
италијанскиот бизнисмен, кој останува сопственик на Палермо.
Се чини дека сево
ова доаѓа по огромниот долг кој Палермо го има, за кој поранешниот прв човек на
клубот Зампарини наведуваше дека не е 120 милиони евра, како што се пишуваше во
тамошните медиуми, туку три пати помал, односно 40 милиони евра.
Се поизвесно е
дека големиот долг на клубот ќе значи и продажба на дел од најдобрите поединци
во тимот, меѓу кои сигурно ќе бидат и нашите Илија Несторовски и Александар
Трајковски.
Подолг период
медиумите во Италија го поврзуваат Несторовски со трансфер во Фиорентина, која
е се чини најзагреана за услугите на нашиот напаѓач, па останува отворено
прашањето колку моменталната ситуација во клубот ќе му ги помати сметките за
развој на нашиот фудбалер кој лани играше во животна форма.
Палермо идната сезона
ќе биде дел од Серија Б, откако не успеа да избори опстанок во елитното друштво
во Италија.