По крајот на натпреварот помеѓу Мајорка и Реал Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија настана голема мешаница, а прстот беше вперен во младиот дефанзивец на „кралевите“, Раул Асенсио.
Реал Мадрид синоќа со два доцни гола славеше со убедливи 3-0 против Мајорка и закажа пресметка со Барселона за трофејот во Суперкупот на Шпанија.
Натпреварот на Џеда имаше хаотична завршница и голема мешаница на теренот, се започна кога Белингем го удри Мафео, но фудбалерите на Мајорка збеснаа по провокациитие на младиот дефанзивец Раул Асенсио кој делеше бакнежи и наводно довикувал, „Ајде одете си, многу сте лоши, ептен лоши“.
На средбата со новинарите, капитенот на Мајорка, Дани Родригез испрати силна порака.
„Видите, јас сум стара школа и сметам дека треба да знаете како да победувате. Мафео се вжешти откако доби удар и потоа на сцена стапи малиот, кој е тука два дена и треба да покаже малку почит“ – вели Дани Родригез.
„Не ми се допадна однесувањето на Асенсио. И јас имав расправија со Ридигер, но се се заврши како што треба. Но детево што е тука само два дена и не знае како се победува… Се надевам дека ќе научи!“.
La secuencia completa, DON RAÚL ASENCIO, MI CENTRAL, HONOR 👏🏻👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/3r14AIwTwp
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) January 9, 2025