Откако заврши аргентинската химна, почна тепачка на една од трибините на Маракана. Имаше бразилски и аргентински навивачи заедно, па инцидентот почнал меѓу нив, а го продолжи полицијата.
Полицајците брутално удрија по навивачите, имаше и крв, фудбалерите на Аргентина веднаш оттрчаа кај трибината и пробуваа да ја смират ситуацијата.
Откако тепачката заврши, Меси ги повлече соиграчите во соблекувалната и помина време додека се договорат да го продолжат мечот кој потоа го добија со 1-0.
„Видовме како полицијата удри луѓе, исто и некои од нашите семејства беа таму, ова се случуваше и во финалето на Копа либертадорес. Повеќе бевме фокусирани на тоа отколку на играта. Ние сме фамилија. Одлучивме да играме за да ја смириме ситуацијата“, рече Меси.
„Срамно беше да се гледа вечерва што правеше бразилската полиција! Како е тоа можно? До кога ќе гледаме вакви сцени. Секогаш е исто во Бразил“, изјави Лисандро Мартинез.
Crazy scenes in the stands at Maracanã between Brazilian police and Argentina fans.
Full footage by @_igorrodrigues pic.twitter.com/lF4uzyI8A9
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 22, 2023
Dibu clashes with the Brazilian police who assault fans
— Fahim (@GOATLeooooMessi) November 22, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.