Финалето на Купот на Словенија меѓу Целје и Копер, кое заврши со убедлива победа од 4-0 за Целје, беше засенето од инциденти и физичка пресметка на теренот.
Сѐ започна по постигнувањето на четвртиот гол, кога играчот на Копер, Франк Сидибе, без некоја очигледна причина го нападна Тамар Светлин и го собори на тревата. Тоа беше искрта што го „запали огнот“, по што фудбналерите од двете екипи влетаа во жестока пресметка, а настанаа сцени какви што ретко се гледаат на фудбалските терени.
Највпечатлив во хаосот беше Бразилецот Фелипе Курчио од редовите на Копер, кој доби директен црвен картон. Тој дури влезе во вербален, а за малку и физички судир со тренерот на Целје и поранешен фудбалер на Ливерпул, Алберт Риера.
Нервозата продолжи и по последниот свиреж, разбеснетиот Риера се упати кон клупата на Копер со намера да се пресмета со својот колега, тренерот Славиша Стојановиќ. За среќа, брзата реакција на службените лица и дел од стручниот штаб спречи натамошна ескалација.
Видеото од хаосот можете да го погледнете – ТУКА.