Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик имаше необично барање пред почетокот на подготовките за новата сезона, сите фудбалери мора да направат дентален преглед.
Пред почетокот на новата сезона, сите фудбалери поминуваат низ серија на тестови, а Ханси Флик побарал од Барселона да биде вклучен и дентален преглед.
Клубот ангажирал специјализиран доктор по стоматологија како дел од лекарскиот персонал со цел да се направат тестовите.
Новиот метод на Германецот можеби делува бизарен, но има неколку причини зад ваквиот потег.
Истражувањата покажуваат дека лоша дентална хигена и расипани заби можат да придонесат за проблеми со мускулите, како тендонитис и артритис. Исто така влијаат и врз заморот на спортистите, а го забавуваат и процесот на опоравување од повреди.
Поради расипани заби, спортистите полошо ја сочвакуваат храната, со тоа придонесува за лошо варање на храната, а тоа влијае и врз мусклулите, со оглед на тоа дека не стигнуваат доволно хранливи материи.
Очигледно Ханси Флик внимава на сите детали и сака неговите фудбалери да бидат максимално подготвени за предизвиците кои ги носи долгата сезона.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.