Ханси Флик има само една желба за зимскиот преоден рок

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик вели дека им е потребно засилување на одбраната во зимскиот проден рок.

„Каталонците“ се лидери во Ла Лига, но имаат доста проблеми во одбраната и со 20 примени погодоци на 18 меча, го имаат најлошиот скор кога се во прашање првите седум екипи на табелата.

Па затоа Ханси Флик бара ангажман на нов дефанзивец во зимскиот преоден рок.

„Кога ќе ја видите последната линија, крилните и централните дефанзивци, веројатно ни е потребен еден фудбалер“ – вели тренерот на Барса.

„Ќе треба да седнеме и да разговараме. Не е лесно во зимскиот преоден рок да се најде играч на ова ниво“.

„Но верувам дека ќе направиме нешто, во секој случај зделката ќе мора да биде разумна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×