Ханси Флик – човекот кој не губи финале!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона вчера во Џеда славеа со 5:2 над Реал Мадрид и така го освоија Суперкупот на Шпанија.

За Барселона ова беше втора победа во натпреварите против Реал Мадрид сезонава откако претходно во првенството во октомври беа подобри со 4:0 и тоа во Мадрид.

Посебно значење победата има и з атренерот Ханси Флик кој така победи во уште едно финале. Имено, Флик досега во својата кариера шест пати водел екипа во финале и во сите шест натпревари славел победа.

Со Баерн Германецот беше победник во финалето од германскиот куп и Суперкуп, Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

„Во фудбалот сум многу години. Големите клубови сакаат да освојуваат трофеи и затоа вредно работиме. Сега во секој нареден натпревар можеме да покажеме колку сме добри“, изјави Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани