Според
неофицијалните информации кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Интер се
договорил со својот прв голман Самир Хандановиќ за тој да остане во клубот до
2022. година, откако актуелниот важечки договор на Словенецот истекуваше идната
година.
„Газета Дело
Спорт“ пишува дека Интер веќе постигнал договор со својот голман, а весникот
тврди дека 35 годишниот Хандановиќ договорот кој веќе го постигнал со клубот ќе
го потпише претстојното лето.
Доколку се
остварат најавите, Словенецот со тоа ќе остане во Милано десет години по
доаѓањето од Удинезе во 2012. година, а тој сезонава одлично ги одработи
бараните задачи од страна на Антонио Конте, па забележа учинок од седум меча без
примен гол во „Серија А“, примајќи само 20 погодоци во 22 настапи.
Во меѓувреме, „Газета
дело Спорт“ истовремено додава дека Конте веќе ја идентификувал алтернативната
опција за Хандановиќ, и тоа во Хуан Мусо, голманот на Удинезе кој сезонава
забележа дури девет меча без примен гол во 26 настапи во „Серија А“.