На Сан Паоло,
лидерот Наполи го пречека второполасираниот Интер, во дербито на 9. коло во
Серија А.
„Наполитанците“
беа тие кои го диктираа темпото и го имаа поседот на топката, а гостите преку
контри ја бараа својата шанса.
Двата тима имаа убави
шанси, но мрежите мируваа, Самир Хандановиќ се истакна со неколку добри
интервенции.
Голманот на Интер
во првиот дел имаше одлична двојна одбрана по обидите на Каљехон и Мертенс, а
потоа покажа извонреден рефлекс и при обидот на Инсиње.
На спротивната
страна, Пепе Рејна ги одбрани ударите на Икарди и Борха Валеро, а Раул Албиол
расчистуваше од гол-линијата по обидот на Весино.
Последното
возбудување беше во 90. минута, Миранда ќе си постигнеше авто-гол во обидот да
го спречи Мертенс да закачи еден волеј, но Хандановиќ скокна како мачка и
спречи победа на Наполи.