64
Родригез не беше ниту на клупата за резервни играчи во финалето од Лигата на шампионите, тој не е во плановите на Зинедин Зидан за стартната постава па само периодично се наоѓа на теренот.
Англиските медиуми пишуваат дека Челси е фаворит во трката за Родригез, а се обидуваат и Манчестер јунајтед и Ливерпул да стигнат до неговиот потпис.
Во Италија пак се зборува дека Интер и Јувентус го посакуваат Колумбиецот, а во игра е и ПСЖ.
Изборот на Хамес Родригез е голем, тој во преговорите барал гаранции дека ќе биде стартер, а посакува и клуб кој ќе има највисоки амбиции во лигите во кои настапува.