175
Мадридскиот весник пишува дека Реал од две причини ја одбил понудата од Интер.
Тие го платија Родригез 75 милиони евра кога го донесоа од Монако, па веруваат дека на неговото заминување ќе можат да извадат повеќе од 42 милиони евра колку што нуди Интер.
Втората и клучна причина е тоа што Хамес Родригез не сака трансфер во Интер, смета дека Манчестер јунајтед кој настапува во Лигата на шампионите ќе биде поголем предизвик за него.
Интер сезоната во Серија А ја заврши на седмата позиција и фактот што не играат во Лигата на шампионите ќе влијае при обидите да се донесат големи засилувања за следната сезона.