Хамес Родригез на столбот на срамот во родната Колумбија

by 24 фудбал
1 минути читање

Хамес Родригез ќе ја продолжи кариерата во мексиканскиот клуб Леон, а тоа наиде на осуда во домашната јавност во Колумбија.

Причината за незадоволство е фактот дека Родригез веќе имал постигнат договор со домашниот клуб Јуниор, меѓутоа се случил пресврт и тој заврши во Мексико. Јавноста не му е баш наклонета во моментов, гласно го критикуваат за својата одлука и неџентлменско однесување.

Тамошните медиуми се преплавени со критики на сметка на легендарниот колумбиски фудбалер, а спротивна е ситуацијата во Мексико каде што ликуваат за овој потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани