Хамес останува во Реал Мадрид, но под еден услов

by
1 минути читање

Преговорите
помеѓу Наполи и Реал Мадрид за Хамес Родригез се на „стенд-бај“ откако
Калчолигашот чека на разврската околу можниот трансфер на Пол Погба на
„Сантијаго Бернабеу“.

Се шпекулира дека
Реал Мадрид ќе го задржи Колумбиецот во своите редови оваа сезона во случај до
крајот на летниот преоден рок да не успее да го ангажира Погба од Манчестер
јунајтед, а јасно е дека обете преговори се движат по потешкиот пат од
поодамна.

Премиерлигашот е
во доста поволна позиција во однос на Погба кој веројатно има голема желба да
игра под кормилото на Зинедин Зидан, меѓутоа англискиот трансфер пазар за ова
лето заврши, „Црвените ѓаволи“ немаат право повеќе да ангажираат фудбалери, а
со самото тоа немаат притисок во своите редови за продажба на Французинот кој има
важечки договор до 2021. година.

Реал Мадрид беше
поврзуван со Кристиан Ериксен од Тотнем, како и Дони ван де Бек од Ајакс,
меѓутоа „АС“ извести дека Зидан ќе преферира да го задржи Хамес во своите
редови како алтернативна опција доколку пропаднат обидите за ангажман на Погба.

Хамес сега се
наоѓа речиси во идентична позиција како и Бејл во тимот на Реал Мадрид, а
Наполи ќе мора да сочека за тоа како ќе се одвиваат настаните за да може
навремено да издејствува за трансфер на Колумбиецот, кој од поодамна е нивна
желба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани