Халилхоџиќ за Мароко: Ми ја земаа гордоста, ниту ќе им заборавам, ниту ќе им простам

by
1 минути читање

Мароко беше дури трета селекција која Халилхоџиќ ја пласира на Светско првенство, а не ја води таму. Добива отказ пред да почне натпреварувањето.

Причината за тоа е јасна, Босанецот не сака никој да му се меша во работата, а неговиот тврд став им пречи на челнците на федерациите, па се разделуваат со него.

Халилхоџиќ се скара со ѕвездите Хаким Зијеш и Нусар Мазруаи кои не ги играше, без нив беше и на Африканскиот куп на нации, каде настапот беше лош. Ваквите недоразбирања во селекцијата и неговото инсистирање да не ги игра овие двајца фудбалери, му донесоа отказ.

На, Халилхоџиќ не му е сеедно што не го водеше Мароко на Светското првенство во Катар.

„Знаете дека ништо не коментирав во врска со Мароко. Ме бараа новинари од Мароко, од регионот… Но, тешко ми беше било што да кажам. А, и овие зборови не може да ја исперат горчината и не можат да ми го надокнадат тоа што го пропуштив на овој турнир. Ми ја земаа гордоста – ниту ќе им заборавам, ниту ќе им простам. СП во Катар требаше да биде мое збогување од фудбалот. Тоа е сè што имам да кажам“, изјави Халилхоџиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани