Ерлинг Халанд вели дека му е жал што Собослаи добил црвен и ќе паузира три меча, вели дека било подобро судијата да го признаел голот.
Необична ситуација се случи во самиот финиш од мечот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити. На празен гол, Собослаи како последен играч го фаулираше Халанд повлекувајќи го за дрес, но потоа норвешкиот напаѓач го повлече Унгарецот за дрес, па топката влезе во голот.
Судијата ги почитуваше правилата и не го призна голот, туку досуди фаул за Ливерпул и му даде црвен картон на Собослаи.
Ситуацијата беше јасна, доколку почитуваше предност, следното што се случи беше фаул од Халанд, па затоа и не можеше голот да биде признаен.
„Според мене, се разбира дека судијата треба да ги почитува правилата. Но, на крајот, жал ми е за Собослаи бидејќи ќе добие суспензија од три натпревари, едноставно признај го голот и не му давај црвен. Едноставно е. Но, веројатно правилото е такво, тоа е што е“, рече Халанд.