Ерлинг Халанд испиша ново историско поглавје во Премиер лигата. Напаѓачот на Манчестер Сити го постигна својот стоти гол во англиското првенство и тоа на само 111 натпревари, бројка со која го симна Алан Ширер од врвот на вечната листа.
Сити во спектакуларен меч го совлада Фулам со 4-5, а Халанд го отвори резултатот за својот тим со погодок во 17 минута. Рекордот падна и Норвежанецот не ја криеше гордоста.
„Кога доаѓав сакав да постигнам 100 гола во Премиер лигата за Сити. Но не очекував дека ќе биде вака брзо. Многу сум горд. Ова е голема работа. Кога ќе ја завршам кариерата и ќе се навратам на овој ден, ќе се сеќавам на ова до крајот на животот“ изјави Халанд за клупскиот сајт.
Менаџерот Пеп Гвардиола исто така му оддаде признание.
„Да ми кажевте дека на 111 натпревари ќе постигне 100 гола ќе ве прашав дали сте сигурни. Во оваа лига. Но успеа. Бројките се луди. Тој е еден од најдобрите. За напаѓачите се е во бројките, а за неговите нема дискусија“ рече Гвардиола.