Халанд постави рекорд, најбрзо стигна до 50 голови во Лигата на шампионите!

by riste
1 минути читање

Ерлинд Халанд беше стрелец на вчерашниот натпревар против Наполи во победата од 2-0 за Манчестер Сити, а со овој гол Норвежанецот се запиша во историјата.

Тоа за Халанд беше јубилеен 50. гол во Лигата на шампионите.

До 50 гола дојде во само 49 натпревари, нешто што на никој претходно не му успеало.

Пример, втор е Руд ван Нистелрој кој до 50 гола стигна во својот 62. натпревар од ЛШ, а Меси во 66. меч.

Халанд се израмни со бројот на дадени голови во ЛШ со Тјери Анри, но има уште многу до Роналдо кој е најефикасен во ова натпреварување со 140 голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×