609
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд денеска потпиша нов договор со англискиот гигант од кој до 2034 година ќе заработи над 250 милиони евра само фиксната плата во него.
По продолжувањето на соработката, Норвежанецот испрати порака до сите дефанзивци во Премиер лигата.
„Драги дефанзивци. Водевме свои битки, но вие ме поттикнавте да бидам уште подобар. Имаше многу шпекулации во изминатиот период и јасно ми е дека сакате да заминам. Жал ми е, но тука ќе останам што е можно подолго“, изјави Халанд.
Dear defenders 🖋️ pic.twitter.com/bra8MZEhq6
— Manchester City (@ManCity) January 17, 2025